ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

декември 19, 2022
0 минути

Завршена е реконструкцијата на канализационата мрежа во село Тркање. Улицата „Гоце Делчев“ на којашто се изведуваа градежните работи и прекопи е асфалтирана и вратена во првобитната состојба.

Со реконструкцијата на канализационата мрежа се реши долгогодишен проблем со канализацијата во село Тркање.

Инвеститор е Швајцарската агенција за економска соработка – СЕКО, а изведувач е фирмата ИЗГРЕВ – ИНЖЕНЕРИНГ Велес.