Наш читател ни испрати неколку фотографии и кратка содржина во која наведува како неодговорни млади момчиња со своите мотори доаѓаат во рекреативниот центар „Бвчалук“ по што сликата на тревната површина е очајна.
Во текстот се вели: „Млади момчиња со котори во последно време го окупираат бавчалук со своите мотори. Ги стартуваат на зелените површини со што истите ги уништуваат. Откако ќе забележат дека некој се приближува повторно ги стартуваат своите мтори и бегаат. На кого да се жалиме кога никој не е заинтересиран да ја сочува оваа убавина“.
Во оваа прилика ги охрабруваме нашите читатели и ги замолуваме доколку истото го забележат нека ги зумираат натрапниците или регистарските таблички на нивбите мотори, нека ни ги достават фотографиите, а ние им ветуваме дека истите ќе ги објавиме.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ