НАЈНОВА ВЕСТ: ДОНЕСЕНА МЕХАНИЗАЦИЈА НА ДЕПОНИЈАТА, ПОЧНА ДА РАБОТИ И СТРАЖАРСКА СЛУЖБА

октомври 26, 2024
0 минути

Дознаваме дека вечерва до депонијата се транспортирани возила кои од утре ќе започнат да работат за „задушувањето“ на депонијата која во изминатите месеци им го загрозуваше животот на кочанчани.

Возилата се како што сме информирани од „Бехтел и Енка“ и во наредните денови се додека е потребно ќе бидат користени на теренот.

Од денес на депонијата почна да работи и стражарска служба која нема да дозволи да се случува повеќе она што досега одредени поединци го правеа.

Во стражарската служба ќе учествуваат вработени од КЈП „Водовод“ од Општина Кочани и од ДПД (Доброволно Противпожарно Друштво) – Кочани, а доколку има потреба и полицајци ќе интервенираат.

Да се надеваме дека палењето на депонијата за кочанчани ќе биде минато.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ