Граѓани незадоволни од најавата дека јавната дебата што ја организира Министерството за труд и социјална политика на Македонија а на тема родова еднаквост наводно ќе се одржи сепак зад затворени врати со реакција која ви ја објавуваме во целост.
„На 17.05.2023 година во 11 часот претпладне во салата на Совет на општина Виница Министерството за труд и социјална политика наводно ги поканува граѓаните на јавна дебата во врска со подготовките на новиот закон за родова еднаквост. Звучи демократски, но не и откако ќе се дознае дека истото не е објавено на страната на МТСП, не се известени медиуми. На истата единствено се писмено поканети претставници од општинската администрација од Виница и општините од источно- планскиот регион. Кој ќе дебатира во име на јавноста зад затворени врати во избран круг селектирани административни работници? Зошто јавноста не е навистина информирана, ако дебатата е номинално јавна?“
Од група граѓани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ