Деновиве ни беа испратени повеќе прилози и фотографии од тоа како КЈП „Водовод“ врши селекција во собирањето на сметот како во градот така и во околината.
Но денес добивме поинаков прилог со фотографии кој ја отсликува и немањето на сообраќална култура од одредени возачи.
Во дописот кратко и јасно се вели:
„Ајде малку и за оние кои го спречуваат собирањето на смет во градот особено во Централното градско подрачје. На фотографиите ќе видите како пред одредени контејнери како што се кај зградата односно Кулата на некогашната Треска и на малата улица која ги поврзува улиците Димитар Влахов и Маршал Тито има паркирано возила поради кои возилото на Водовод не е во состојба да го собере сметот од контејнерите. Со ова мора да се позанимава и полицијата која мора да пишува казни за оние сопственици на возилата кои поради лошото паркирање ја спречуваат работата при собирањето на сместот. За чист град треба сите да се грижиме“. Благодариме доколку го објавите ова наше писмо“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ