ХРИСТИЈАН МИТРЕВСКИ СЕ СЕЛИ ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК ВО ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Во Спорт
јануари 7, 2022
0 минути

Еден од подобрите играчи на Виничкиот второлигаш  во есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток Христијан Митревски од денес не е повеќе член на „Слога 1934“.

Како што не информираат од хитот на есенскиот дел од сезоната Митревски побарал да си замине а од „Слога 1934“ не сакале да му прават проблеми па договорно ја прекинале соработката.

Нов клуб на Христијан Митревски според најавите треба да  биде ГФК „Охрид“ член на Втора Фудбалска Лига – Запад.

С. Ивановски