И по повеќе од два месеци вреѓата полна со песок и шут стои на патеката за лицата со посебни потреби во Градскиот трговски Центар, и ничиј не му е гајле за тоа.
Минувачите само ќе се поместат ќе заобиколат и ќе поминат а од надлежните иако постојано има гости по кафулињата никој ниту да информира ниту да се нафати да ја отстрани.
Кој е сопственикот на вреќата никој со сигурност не може да каже, но сепак оној што си ја завршил работата не требало овде да ја остави за да и друг „бере“ грижата, туку да ја однел на соосдветното место од каде лесно може да биде отстранета.
Вака како што тргнала работата можеби вреќата ќе си ги дочека и мајските празници.
Тоае е сепак реалноста на нашето секојдневие.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ