Минатата седмица беше полна со активности од програмата „Лето во друштво“!
Младите учествуваа во фотографската работилница за цијанотипија, а во СРЦ „Бавчалук“ и во Градскиот парк создаваа мандали – уметнички инсталации на отворено – со природни материјали: камчиња, листови, шишарки…
Ја истражуваа улицата со фотографски апарат и во секојдневието ловеа човечки емоции, движења, симболи, уникатни моменти и елементи од урбаниот простор.
Од понеделник, 18 август 2025 г. – активностите продолжуваат!
Од 18 ч., во дворот на Библиотеката „Искра“ ќе се одржи музичката работилница – „Инструменти од светот“. Не е потребно никакво предзнаење од исполнување на некаква музика, туку само добра волја да се истражува, сака и заеднички да се креира музика.
Од 18 ч., во СОУ „Љупчо Сантов“ – спортски активности!
Од 19 ч. во Шаховскиот клуб Кочани – шах со Емил Ристевски, најмладиот македонски интернационален мајстор.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ