И ВО РАБОТЕН ДЕН НЕМА ОДМОР ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ – КОЧАНИ

август 18, 2024
1 минути

И во време на викенд додека сите се одмараат, пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Кочани се на терен, го гаснат огнот  што според многумина од забава се подметнува.

Денес се активно околу Кочани три пожари а пожарникарите сакале, не сакале мора да се на терен.

Пожарите денес беа активно кај Врбица, кај Небојани и на Плачковица.

Дознаваме дека по неколку часови борба со огнот и со ветерот конечно пожарот кај Небојани е изгаснат.

Секоја чест за нашите херои пожарникарите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ