ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ

ноември 10, 2023
1 min read

За  време на викендот се играат натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига по што следува една седмица пауза во првенството поради настапите на селекциите на Македонија. „Осогово“ лошо го почна првенството кога во првите пет кола забележаа исто толку порази, но откако ги средија редовите играчите се разиграа по што следуваше серија од две победи и едно реми. И таман кога екипата влезе во форма наиде првата пауза во првенството по која „жетварите“ забележаа една победа и два загубени натпревари што ги врати чекор назад. Сега „Осогово“ е домаќин на екипата на „Вардар“ од Неготино и доколку сакаат кочанчани мирен зимски сон мора да ги освојат трите бодови. Играчите знаат од какво значење за нив и за нивните навивачи е натпреварот против Неготинчани па затоа најавуваат борба за секоја топка и на крајот радост за трите освоени бода.

Двојки од 12-тото коло:

„Осогово“ – „Вардар“ (Н)

„Охрид“ – „Беса“

„Тетекс“ – „Пелистер“

„Башкими“ – „Аресими“

„Победа“ – „Скопје“

„Беласица“ – „Караорман“

„Новаци“ – „Кожуф“

„Каменица Саса“ – „Детонит Плачковица“

Натпреварите се играат во Недела со почеток во 13:00 часот

С.. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ