Интересни фотографии се направени денес на левиот кеј на „Кочанска река“ од мостот кај „Шопинг центарот“ па се до мостот кај „Паркот на Револуцијата“.
Старите канделабри кои беа поставени на овој потег се извадени, каблите кои пренесуваа електрична енергија се пресечени но не се изолирани.
Граѓаните со право прашуваат, дали има проток на електрична енергија во пресечените кабли или не се опасни по минувачите бидејќи на овој потег често дечиња минуваат а нивната радозналост е поголема од сé.
Доколку не е исклучена струјата добро би било да се изолираат за да сите побезбедно се чувствуваме.
С. Ивановски