Уште еден некогашен играч на ФК „Осогово“ не е повеќе меѓу нас. Денес во 73. година од животот почина Тиле Велков,
Повозрасните љубители на фудбалот а особено навивачите на „Осогово“ ќе го паметат како играч кој во средината на седумдесеттите години беше стандарден првотимец.
Погребот ќе се изврши на ден 12.05.2025 година во 13:00 часот на гробиштата во Долни Подлог. Телото ќе биде изложено во црквата во Долни Подлог во 11:30 часот.
Нека му е вечна слава.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ