IN MEMORIAM

декември 23, 2021
0 минути

Лошо ден за кочанскиот спорт.

„Градот на оризот“ утринава ја загуби кошаркарската легенда, Почина Сашо Лазаров – Чапо.

Сашо Лазаров – Чапо несомнено е еден од најдобрите кошаркари во богатата историја на Кочани. Со своите игри и настапи остави траен белег во овој спорт.

Беше голем борец на теренот но и надвор од него, неговите кошеви добија многу битки за клубот чии бои ги бранеше, но за жал тој не можеше да ја добие најважната битка.

Почивај во мир пријателе, почивај во мир кошаркарски генијалецу,

Почивај во мир голем човеку.

Нека ти е вечна слава.