ПАРИ ПЛАТИЛА АМА ДРВА НЕ ВИДЕЛА

септември 20, 2022
0 минути

На 19.09.2022 во 10.40 часот во Полициската станица Кочани, 71 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16.00 часот лицето дошло во нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва.

Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена.

Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР