ПОБЕДА ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ТРЕТА ЛИГА ИСТОК И ПОБЕДА ВО М-16 ЗА ПРВО МЕСТО

Во Спорт
март 6, 2022
1 минути

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“и овој викенд ги зарадуваа своите навивачи, остварени се две победи и тоа какви, едната дури во продолжението а втората за прво место на табелата по првиот дел од првенството.

Во 3-та Македонска Лига – Исток кошаркарите од Кочани по многу возбудувања ја совладаа мошне добрата и квалитетна екипа на „Спарта“ од Скопје дури во продолжението откако во регуларен дел немаше победник 90:77 (14:25; 25:15: 23:15; 10:17; 18:05).

Гостите убедливо го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 11 кошеви разлика, но во следните две четвртини „Диновци“ успеаја не само да го изедначат резултатот туку и да имаат предност од седум поени разлика. Сепак играчите на „Спарта“ не се предава и успеаја да ја добијат последната четвртина и натпреварот да го внесат во продолжение.

Кошевите за кочанчани ги постигнаа: Филипов 31, Илиев 15, Лазарев 13, Крушарев 9, Крстов 8, Коцев и Томевски по 4, Романов и Ивановски по 3.

 

Доста возбудувања донесе и натпреварот во М-16 Кошаркарската Лига во кој домаќините три четвртини добија но во последната загубија и натпреварот доби интересна завршница. „Баскет Дино Деликатес“ – „Куманово“ 83:76 (28:23; 19:14; 17:15; 19:24).

Со оваа победа заврши првиот дел од првенството во М-16 лигата а „Басккет Дино Деликатес“ го освои првото место со реални шанси таму и да го заврши првенството.

Кошевите за „Диновци“ ги постигнаа: Лазарев 24, Ефремов 21, Крстов 16, Манев 10, Ѓорѓиев 9,  Златков 3.

Одиме понатака.

С. Ивановски