ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

март 22, 2022
1 минути

Светскиот ден на поезијата, 21 март, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа со промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска.

Во збирката се сместени педесетина песни кои авторката ги има напишано во период од десет години. За поетската збирка ја има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.

„Инспирацијата на напишаното доаѓа од секојдневното живеење и творештвото изминативе години. Мојата прва книга ја имам објавено во 2003 година и досега имам напишано девет поетски дела“ истакна авторката.

Делото пред кочанската публика го промовираше м-р Љупка Стојменова.