ИНФО ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО КОЧАНИ.

мај 21, 2023
0 минути

По рекакции на тв медимите и социјалните мрежи во врска со изградба на малата хидроцентрала во заштитеното подрачје Осоговски планини, Кочанско МХЕЦ МАЛА РЕКА со реф.бр.361 од правниот субјект ДИС ЕНЕРГИЈА ДОО Скопје, ДИЖС направи вонреден испекциски надзор на локацијата.

Констатирано е дека во моментот на надзор на самата локацијата нема активности, но претходните три денови со механизација имало активности за формирање на пат на левата страна од Мала река во должина од околу 100 м.

Контактиран е управителот на правниот субјект и истиот е повикан да дојде на состанок во седиштето на ДИЖС со целокупната документација за изградба на малата хидроцентрала. По увид во документацијата ќе следат информирање на јавноста и соодветна испекциска постапка.

ИЗВОР: ДИЖС

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ