ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНОСТ ПОМЕЃУ ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ И ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ

април 12, 2023
1 минути

Во пресрет на предстојните Велигденски празници и во пресрет на предстојните уписи на првачиња за учебната 2023/2024година, денес во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани се реализираше настан помеѓу вработени и ученици од училиштето и вработени и дечиња од ЈОУДГ,,Павлина Велјанова“ од Кочани.

Денес  наставниците и учениците од петто одделение од  ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани во соработка со вработените и дечињата од најголемата група во  ЈОУДГ,,Павлина Велјанова“ , реализираа активности во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани, изработувајќи различни предмети и изработки со тематика од предстојните Велигденски празници.

Дечињата од детската градинка имаа можност да се запознаат со нивната следна попатна станица во нивниот наставно-образовен процес , односно да се запознаат со нивното предстојно училиште и просториите во кои тие секојдневно ќе поминуваат одреден дел од денот, заедно со нивните предстојни наставници.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ