По иницијатива на Претседателот на Совет на родители при ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Магдалена Михаилов, а со поддршка на директорот на училиштето Драган Трајчев и професорот Тони Стојанов, учениците: Марко Ивановски, Михаил Гушков, Јане Манасиев и Ален Момчилов учествуваа на Меморијалниот турнир во шах „Тодор Милосиев- Тошо”.
Како што истакнаа од училиштето целта за нивното учество беше да се оддаде почит на еден врвен шахист но и да се промовира шахот како спорт во основните и средните училишта.
Советот на родители при ОУ „Св “Кирил и Методиј“ веќе има покренато иницијатива, шахот да биде воведен како изборен предмет во училиштето. Иницијативата произлезе од член на Советот на родители, Магдалена Кочовска Салтирова, чија иницијатива беше одобрена и изгласена од сите членови на Советот на родители и потпишсна од претседателот на Советот Магдалена Михаилов.
По тој повот организирана е работна средба на која присуствуваа наставници од сите основни училишта во Кочани, каде беше претставена содржинската компонента на изборниот предмет шах од страна на преставниците на Шаховската федерација на Македонија, Орце Данчевски и Aлекссндра Гакидова
Содржината и иницијативата беа поддржани и координирани од Општина Кочани и од Помошник Раководител на сектор за општи и правни работи и јавни дејности Голубинка Георгиева, а истата беше реализирана во просториите на ОУ,,Св. Кирил и Методиј” Кочани.
Иницијативата е за поздравување со надеж дека шахот како изборен предмет ќе заживее во основните и средните училишта во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ