ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ВРШИ УПИСИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

август 26, 2022
1 минути

Ученици, родители.

ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани врши уписи за учебната 2022/2023 година.

Учениците можат да се запишат:

  • во деветгодишно основно музичко образование за инструментите пијано и виолина (ученици кои во учебната 2022/2023 година ќе бидат прво одделение во основното училиште)
  • во шестгодишно основно музичко образование за инструментите гитара, флејта, хармоника и традициски инструменти, (ученици кои во учебната 2022/2023 година ќе бидат четврто одделение во основното училиште).

Вториот уписен рок ќе трае до 31.08.2022 година, секој работен ден од 09 до 12 часот, во просториите на училиштето (во спомен домот АСНОМ).

Потребни документи за упис: копија од извод на родените и секако ЖЕЛБА ЗА ДРУГАРУВАЊЕ СО МУЗИКАТА.

ПОВЕЛЕТЕ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

ООМУ  „Ристо Јуруков“ – Кочани