ИНСТАЛИРАН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ ВО „МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР“

јуни 13, 2023
1 минути

Завршија работите за инсталација на системот за греење, ладење и вентилација во Мултикултурниот центар во Кочани.

Со проектот „Опремување на Мултикутурниот центар“ е реализирана набавка, транспорт и монтажа на систем за греење и ладење со современа инвертер-технологија (каналски клими, мултисплит и сплит системи), како  и енергетски ефикасен вентилациски систем во салата, канцелариите и конференциските сали во МКЦ, односно е обезбедено затоплување и ладење на 490 м2 корисна површина.

Проектот е реализиран  со средства од Бирото за регионален развој преку јавниот повик за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022.

Вкупниот буџет на проектот беше 3.174.200 ден. од кои 2.515.490 ден. се од Бирото за регионален развој, а  останатите се од Буџетот на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ