Огромни количини комунален и кабаст отпад насобран околу контејнерите и во околината на социјалните згради во населбата Бејрут денеска беше отстранет со помош на механизација.

Вработени од КЈП „Водовод“ и општинските комунални служби, неколку часа интензивно работеа на изнесување на отпадот. Исчистените површини беа испрани со млазови вода, по што состојбата и во овој дел од градот беше нормализирана.

Работата на службите ја координираа градоначалникот Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев.

Комуналните служби денеска го отстранија отпадот и во населбата Текешински Лозја, кај Панаѓурот.
Инспекциските служби предупредуваат дека за несооветно одлагање на отпадот ќе следуваат соодветни казнени мерки.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
