ИСИ „ЧЕШИНОВО-2022“, ФУДБАЛ КОЈ ГИ ВООДУШЕВИ ГЛЕДАЧИТЕ

јули 11, 2022
1 min read

Во неделата продолжија натпреварите од годинешното 50. издание на Илинденските Спортски Игри „Чешново 2022“.

Се одиграа два натпревари кои донесоа мошне квалитетен и преди се ефикасен фудбал од кој најголема корист имаа гледачите.

Најпрви екипата на Жиганци со високи 6:2 го совлада Кучичино, за да потоа Академија Чешиново-Облешево го совлада Тркање со 4:0.

Добрите временски услови во кои температурите беа доста пониски од минатите години беа најголемата причина играчите да се залагаат, да гинат за секоја топка, а гледачите да уживаат во добрите акции и убавите погодоци.

Турнирот продолжува во Среда кога на програмата се натпреварите:

17:00 часот  Облешево – Карбинци

19:00 часот  Академија Пандев – Осогово

С. Ивановски