ВО ПОНЕДЕЛНИК СТАРТУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ГФК “ОСОГОВО“

Во Спорт
јули 19, 2022
0 минути

По овие летни горештини спортска тема која секако ги засега љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ е која е иднината на ГФК „Осогово“, несомнено еден  од најстарите фудбалски клубови во Македонија. И додека топката мирува разговаравме со Перо Георгиевски – спортскиот директор на ГФК „Осогово“ за почетокот на подготовките и за плановите на сега кочанскиот третолигаш.

„Значи Шефот на Стручниот штаб на ГФК Осогово Ефтим Аксентиев за во Понеделник (25 Јули) ја има закажано прозивката на која ќе ги запознае играчите со планот на подготовките и со амбициите на кочанскиот третолигаш. Осогово оваа сезона ќе настапи во доста изменет состав од минатогодишниот. Планираме да се ослониме на наши играчи а за нас како и за  навивачите добра вест е што во клубот и понатака останува Тоше Манов најдобриот стрелец во изминатата сезона. Нови играчи засега се Филип Донев кој игра на позицијата лев бек и Кристијан Јорданов штопер кои доаѓаат од школата на Брегалница од Штип. По неколкугодишна пауза од второлигашкот Слога 1934 од Виница во нашите редови се врати и Андреј Коцевски“ рапортираше Перо Георгиевски технички директор во ГФК „Осогово“.

За иднината на „Осогово“ Георгиевски подвлече: „Костурот на екипата значи ќе бидат домашни играчи кои треба најпрвин да се воиграат, да почнат да постигнуваат резултати  со кои за мошне кратко време да се вратиме онаму каде и што припаѓаме во второлигашкото друштво. За да бидат работите како што доликува деловиве решивме во иднина со голманите да работи Јоже Јовановски. Самиот старт на подготовките ќе покаже што се имаме на располагање а што недостасува. Разговараме и со  некои играчи од регионот се со цел да имаме доволен ростер во екипата, да бидеме подготвени, добро да стартуваме и да бидеме први на табелата во Трета Фудбалска Лига – Исток“

С. Ивановски