ИСИ – ЧЕШИНОВО 2022 – МИНАТОГОДИШНИОТ ШАМПИОН СО ПОБЕДА ГО ОТВОРИ ГОДИНЕШНИОТ ТУРНИР

Во Спорт
јули 9, 2022
1 минути

По облачно време и лизгав терен за игра денес на фудбалското игралиште во Чешиново започна годинешното 50. издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2022’.

На отворањето на годинешниот турнир се одигра натпреварот Чифлик – Бање 2:1 (2:0). И двете екипи прикажаа квалитетен и интересен фудбал во кој минатогодишниот шампион Чифлик се покажа за нијанса како подобар и со победа го отвори годинешниот турнир.

Иако беше планирана пред почетокот на турнирот културно-забавна програма со учество на фолклорен ансамбл сепак до истата не дојде поради лошите временски услови.

Отворањето на турнирот започна со минута молчење посветена на еден од доајените на овие игри, на Јоже Јефтимов кој минатата година ненадејно си замина од нашите редови.

По интонирањето на Македонската химна за самиот турнир и неговото значење зборуваше Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Далибор Ангелов, кој воедно поздравувајќи ги сите гости и учесниците на турнирот истиот го прогласи за отворен.

Турнирот продолжува утре (Недела) кога на програмата се два натпревари:

17:00 часот  Кучичино – Жиганци

19:00 часот  Академија Чешиново-Облешево – Тркање

С. Ивановски