Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 14-тото претпоследно есенско коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ го игра последниот натпревар во есенскиот дел од првенството пред своите гледач, а противник ќе му биде незгодната и мошне добра екипа на „Каменица Саса“.
За кочанчани овој натпревар е од голема важниот бидејќи многу бодови се загубија на домашен терен во ова првенство па победата е како императив. Екипата од Македонска Каменица традиционално од секогаш е незгоден противник за „жолто-сините“ па така во последните четири меѓусебни дуели во второлигашката конкуренција одиграни во Кочани, „Осогово“ нема забележано победа, има доживеано два пораза (2:5; 1:4) а два натпревара завршија без победник (1:1; 1:1).
Дали играчите на „Осогово“ ќе ја прекинат непријатната традиција ќе дознаеме утре некаде пред 15:00 часот.
Двојки од 14-тото коло:
Осогово – Каменица Саса
Вардар – Вардарски
Скопје – Новаци
Кожуф – Победа
Детонит Плачковица – Башкими
Брегалница – Охрид
Борец – Беласица
Македонија ГП – Аресими.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ