ТРИ ПРВИ И ЕДНО ТРЕТО МЕСТО ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО НЕГОТИНО

Во Спорт
септември 30, 2023
0 минути

Во организација на Боречкиот Клуб „Неготино“ и Боречката Федерација на Македонија, денес во Неготино се одржа Меморијален турнир во борење „Јован Димитров“.

На турнирот екипата на „Спартак“ од Кочани учествуваше со четири борачи кои на крајот освоија 3 први и 1 трето место.

Со златниот медал се закитија: Јован Илиев до 44 килограми, Даријан Павлев до 58 килограми и Филип Ангелов до 68 килограми.

Бронзениот медал му припадна на Павел Темелков до 68 килограми.

Убав старт пред новата сезона за борачите на „Спартак“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ