ИВОНА ТОДОРОВА МАТУРАНТКА ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД КОЧАНИ, ПОБЕДНИК ВО КАТЕГОРИЈАТА НАЈДОБАР ОРАТОР – НА ОРАТОРСКАТА ВЕЧЕР НА УГД

март 31, 2023
1 минути

Матурантката Ивона Тодорова ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани е победничка во категоријата избор на публиката на XI Ораторска вечер  што вчера се одржа во Штип.

Тодорова со својот емотивен настап ги освои срцата на публиката при што со 80 гласа за беше избрана за најдобар оратор – избор на публиката во конкуренција на 12 други оратори.

Младите оратори претставија со нивни оригинални, нецензурирани, говори кои ја допреа присутната публика и оние кои следеа пред екраните.

Од спонзор, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Ивона се здоби со парична награда од 300 евра во денарска проттивредност и плакета.

Ментор на Тородова во процесот на подготовка и настап на ораторските вечери и беше професорот по македонски јазик и литература Александар Димитров.

Организатор на XI Ораторска вечер  беше Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Клуб на оратори “Rostra Vetera”.

С.  Ивановски

С.  Ивановски