КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА АНДРЕЈ МИТЕВ, – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“

јануари 19, 2023
0 минути

Во присуство на  голем број жители на Кочани и околните места а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот од „Крушарскиот мост“ беа осветени водите на „Кочанска Река“.

Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 51 пријавен капач најбрз и најсреќен беше дваесет и четиригодишниот Андреј Митев од Кочани..

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ се одржа свечена божествена литургија по која свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон „Крушарскиот мост“ кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот „Водици“.

Храмот „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на Андреј Митев му подари „Библија“, Компанијата „Зегин“ му врачи ваучер од 12.000,00 денари а додека Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му подари златник.

С. Ивановски