Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.
Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Грдовци..
Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 28 јуни, со почеток во 19 ч., во училишната зграда во с. Грдовци.
Граѓаните со право на глас треба да понесат лична карта.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ