ИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА, КАКО ДЕЛ ОД ВЕТУВАЊЕТО ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

јули 19, 2026
0 минути

Дека  еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Кочани е нерешеното сообраќајно прашање, односно сообраќајниот хаос во градот.

Хаосот е голем особени на фреквентните улици што доведува до застој на возилата. Не е никаква тајна дека на возачите некогаш им е потребно и повеќе од половина час да стигнат од „Старата индустриска зона“ до центарот на градот.

Моментно е така а во деновите кога се очекува навалица од нашите сограѓани вработени во странство не треба ниту да се претпостави како ќе се одвива сообраќајот.

Тоа и е тема на поголем број наши сограѓани но и прашање до Градоначалникот до каде е неговото ветување дадено во изборната кампања дека Кочани  конечно ќе добие катна гаража.

Бидејќи Градоначалникот се покажа дека е од збор и знае да ги решава проблемите се надеваме дека и овој проблем ќе почне наскоро да го решава.

Да потсетиме Градоначалникот заедно со градежен инспектор само неколку месеци по завршувањето на Локалните избори решија еден „огромен“ проблем кој провејуваше и во  време на кампањата, се зафатија со рушењето на дивоградбите па досега од сите дивоградби во општината успеаја да срушат дури неколку висечки тенди во Трговскиот центар (претежно сендвичари)  и во  Паркот на револуцијата.

Така се работи, така се реализираат ветувањата, Значи, ветувањето за дивоградбите е решено, останува да се реши кога ќе започне изградбата на толку ветуваната катна гаража.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ