Депонијата повторно е намерно запалена од несовесни поединци. Ваквите постапки не се само чин на неодговорност, туку претставуваат сериозна опасност за сите нас. Наместо да придонесуваат за почиста и побезбедна средина, поединци свесно создаваат проблеми чии последици ги чувствува целата заедница.
Општина Кочани и КЈП „Водовод“ реагираа веднаш по добиената информација и се на терен, каде со максимален ангажман работат на локализирање и гаснење на пожарот. Благодарност до сите вработени кои и во овие услови вложуваат огромен труд за да ја стават ситуацијата под контрола.
Апелираме до граѓаните да покажат совест и одговорност.
Кочани заслужува чиста и безбедна средина.
Општина Кочани ќе продолжи да презема сè што е во нејзина надлежност за справување со ваквите ситуации и ќе инсистира на утврдување одговорност за секој што свесно го загрозува јавниот интерес.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
