Не поминаа ниту два месеци од асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ а на најнискиот дел, односно на клучката на улицата „Гошо Викентиев“ со улицата „Тодосија Паунов“ се јавија големи недостатоци.
Кога веќе општината му платила на изведувачот редно е тој да дојде и да си ги поправи сите недостатоци.
Токму за ова реагираат и дел од граѓаните.
„Кога веќе се е платено на изведувачот не е фер од негова страна да по само два месеци се појават овие проблеми. Клучката кон Тодосија Паунов е во лоша состојба. На неколку места можеби на површина од 30 метри квадратни улицата е пропадната 20 до 30 сантиметри што е проблем и за возилата но и за пешаците бидејќи се е тоа околу пешачкиот премин. Еве јавно ги повикувам службите да дадата рекламација до изведувачот бидејќи му е платено од наши пари. Нашата одговорност како граѓани е да реагираме до надлежните институции во општината за да тие реагираат кај изведувачот во спротивно ако не реагираат тие ќе ја понесат целата одговорност“ е она што ни го напиша нашиот сограѓанин.
С. Ивановски