ИСЧИСТЕН СМЕТОТ ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО

август 6, 2022
0 минути

Минатите денови социјалните мрежи беа вжештени од коментарите на жители од населбата „Трајаново трло“ за сметот што беше насобран околу наменското игралиште.

Жителите без совест и срам од овој потег на градот до игралиштето каде треба дечиња да си играат беа создале дива депонија која денес екипа од КЈП „Водовод“ ја исчисти.

Сметот се собираше машински во возила а она малкуте што остана каде машината немаше можност да реагира во почетокот на идната седмица сепак ќе биде рачно соберено.

Иако овде не е местото за фрлање смет, сепак во интерес на населението од комуналното претпријатие реагираа и го собраа, сега на ред е да видиме до кога вака чисто ќе остане.

С. Ивановски