Почитувани учесници во сообраќајот,
Ве известуваме дека од 05.08.2022 до 08.08.2022 година ќе се врши замена на сливните решетки на улица „Никола Карев“ и улица „Тодосија Паунов“. Со превземање на овие мерки за интервентно одржување и поправка, а во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за пренасочување на сообраќајот.
Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.
Општина Кочани