По претходно усно предупредување кон организаторите дека доколку не се обезбедат основни услови (поправка на теренот и присуство на овластен доктор со медицинско возило за интервенции) за продолжување на Петровденскиот турнир во мал фудбал ние ќе ја повлечеме екипата од истиот.
На првата утакмица која ја одигра екипата на Масив Дизајн нашиот играч се здоби со тешка повреда (скршеница на вратен пршлен) и истиот по здобиената повреда поради отсуство на возило за Игна медицинсла помош НЕБЕЗБЕДНО со приватно возило беше пренеден во Општа болница Кочани, а потоа бил препратен на снимање на Магнетна Резонанса во КБ Штип каде му била констатирана повредата.
На вториот натпреват што се играше оваа вечер од екипата на Масив Дизајн друг играч исто така се здобива со тешка повреда на скочниот зглоб. По бурна реакција на публикага и целиот состав на екипата поради тоа што на фудбалскиот терен немаше официјален доктор, беше повикано амбуланто возило од ИМП Кочани со кое играчот беше пренесен во Општа Болница Кочани каде му беше констатираната тешката повреда.
Поради необезбедени основни услови за игра и поради овие два немили настани го известуваме организаторот и јавноста дека екипата на Масив Дизајн се повлекува од понатамошно учество на Петровденсиот турнир во мал фудбал.
Според законот за јавни настани организаторите се должни да ги обезбедат горенаведените услови.
Масив Дизајн
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ