ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОДРЖАНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „АФКО 2025“

мај 17, 2025
1 минути

Во петок, 16. мај 2025 се одржа АФКО 2025. Библиотеката при Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе беше претесна да ги собере сите љубители на афоризмот кои сакаа да ја следат оваа манифестација.

Манифестацијата АФКО (во првите свои изданија позната како „Вечери на македонскиот афоризам“) годинав требаше да го има своето тринаесетто издание на 28 март во Кочани. Поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ истата беше одожена на неодредено време и нејзиното одржување во Кочани годинава беше неизвесно. Но желбата да не се прекине традицијата од 12 последователи изданија на оваа манифестација, ги натера организаторите од ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ да побарааат алернативна локација за АФКО 2025. При првиот контакт со ректорот Јордан Ѓорчев од Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе веднаш беше постигната согласност манифецтацијата да се реализира на овој универзитет.

Во првиот дел од  АФКО 2025, со сетови свои афоризми настапија: Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стоименова од Кочани; Ацо Ѓорѓиев и Ристо Филчевски од Струмица; Атанас Крлевски и Димитар Илиев – Вилазорски од Велес; Елеонора Николовска и Марјан Анѓеловски од Скопје и Нада Караџиќ од Белград – Србија, а публиката со бурни аплаузи ги наградуваше нивните афоризми.

Во вториот дел од манифестацијата беа доделени наградите, во вид на дипломи, од конкурсот за афоризми на тема „Овци, стада, овчари“. Првата  награда му припадна на Марјан Анѓеловски од Скопје, втората на Атанас Крлевски од Велес а третата на Марија Брндевска од Струмица а пофалници за своите афоизми добија: Дана Тембелеска од Битола, Костадинка Витанова од Струмица и Драганчо Тасевски – Изворски од Кичево. Од наградените Марија Брндевска не се појави да ја прими својата диплома а од пофалените само Дана Тембелеска  беше присутна и ја прими пофалницата.

Во третиот дел од АФКО 2025 беше доделена традиционалната Сребрена плакета за развој и афирмација на хуморот и сатирата во Македонија. Овојпат носител на ова признание, што го доделува организаторот ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“, е Славица Цветкова од Кочани.

Заблагодарувајќи им  се на домаќините и на прекрасната публика за посетата и аплаузите, организаторите изразија желба да се сретнат по една година, во Кочани на 14-тото издание на оваа манифестација, во нејзиниот редовен термин околу 1-ви април.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ