„ПОД ФЕНЕРОТ НА ДИОГЕН“ ЈА ДОЖИВЕА СВОЈАТА ПРОМОЦИЈА

октомври 5, 2022
0 минути

Во просториите на ЈОУ „Библиотека „Искра“ во Кочани во присуство на љубители на убаво напишаниот збор, книгата „Под фенерот на Диоген“ од авторот Јане Атанасов ја доживеа својата промоција.

Модератор на промоцијата беше Славица Цветкова, додека повеќето напишани рецензии ги читаа Доне Донев и Ацо Георгиев.

Афоризми од книгата читаа Ленче Стоименова и Ристо Филчевски.

Најавениот промотор на промоцијата Димитар Илиев – Вилазорски од оправдани причини не беше присутен на настанот.

По завршувањето на промоцијата авторот на книгата Јане Атанасов на присутните им подари по една книга.

Промоцијата е дел од годинешната програма на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз 2022“.

С. Ивановски