ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОДБЕЛЕЖАН „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ“

септември 26, 2022
1 минути

Под мотото  „Нов научен јазик – нова визија за животот“ вечерва во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше одбележан 26. Септември, Европскиот ден на јазиците.

Гости на настанот беа Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето „Аваја“.

При своето обраќање Мемедова и Неџипов присутните ги запознаа со ромскиот јазик, обичаи и култура.

Ученици од ОПУ „Раде Кратовче“ од Кочани читаа песни на ромски јазик со што дадоа еден посебен белег

на денешното одбележување на Европскиот ден на јазиците.

С. Ивановски