ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ

септември 2, 2023
1 минути

Почитувани првачиња, родители и останати граѓани на Општина Кочани

Денес  1ви септември 2023година во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани се одржа свеченост по повод приемот на новата генерација на првачиња . По тој повод учениците од повисоките одделенија во соработка со нивните одделенски раководители приредија мала приредба со литературно читање и неколку музички точки за да и посакаат топло добредојде на новите првачиња и нивни идни другарчиња.

Од страна на училиштето на сите првачиња им беа доделени поклони, односно поклон во вид на училишен прибор кој идните првачиња ќе можат да го користат во текот на следниот период за да можат полесно да ги совладуваат наставните содржини. Со овој потег  училиштето сакаше делумно да им помогне на семејствата на нашите идни првачиња со обезбедување на дел од материјалите и приборот кој ќе им биде потребен во текот на следниот период  . Се надеваме дека преку овој мал гест од страна на училиштето делумно им помогнавме на семејствата на нашите идни првачиња и воедно ги израдувавме и самите првачињата на нивниот прв училишен ден .

Оваа прилика сакам да ја искористам од мое лично име како директор на училиштето , да им посакам на сите вработени во училиштето и на сите ученици , да ни е среќна и успешна новата учебна година!

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ