БАЗАР НА МОЖНОСТИ И УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА ОРГАНИЗИРАШЕ ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

декември 25, 2024
0 минути

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година. Во холот  на училиштето се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки. Преку вештите раце на децата а со помош на наставниците и родителите изложените експонати беа вистинско задоволство за присутните.

Училиштето беше преполно со родители и ученици кои си купија од рачните изработки.

Учениците од шесто до деветто одделение пак гостите ги угостија со  чај и новогодишни колачиња.

На базарот му претходеа работилници на кои учествуваа родителите и учениците и ги направија сите изработки кои ги продаваа на штандовите.

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ