ВТОРА ТРЕТОЛИГАШКА ПОБЕДА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“

Во Спорт
ноември 8, 2021
0 минути

Кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжуваат со серијата добри натпревари и остварени победи.

За време на викендот во рамките на второто коло од Трета Кошаркарска Лига „Баскет Дино“ славеше над добрата екипа на „Спорт Тим“ од Неготино 101: 79 (18:13; 28:28; 28:22; 27:16) со што ја забележа и втората победа во ова натпреварување.

Во првите две четвртини се водеше борба за секоја топка, за секој поен за што сведочи разликата од само пет поени во корист на домаќините. Сепак во преостанатите две четвртини кочанчани ја заиграа својата игра и на крајот забележаа победа од 22 поени разлика.

Кошевите кај домаќините ги постигнаа: Лазарев 30 (8 тројки), Томевски 21 (4 тројки), Ивановски 15 (3 тројки), Крушарев 15, Илијев 11, Ѕмбов 6 (2 тројки), Николов 2, Манев 1.

С. Ивановски