ПАТНИОТ ПРАВЕЦ БАВЧАЛУК-ВОДОПАД СО НИЗА МАЛИ ДЕПОНИИ

декември 8, 2021
1 минути

Патниот правец Бавчалук-Водопад е преполн со мали депонии кои секојдневно некултурните рекреативци или т.н. љубители на природата ги создаваат.

Само што ќе помислиш дека расфрланиот смет завршил кога по неколку стотини метри иста слика. Се гледа дека совеста кај луѓето за чиста животна средина уште не проработила.

Наместо да го соберат сметот што тие го направиле во една обична кеса и да го однесат до најблискиот контејнер или пак ако нема контејнери со своето возило да се симнат во градот и да го остават онаму каде има предвидено, тие едноставно го расфрлаат во приридата.

Колку и да се апелира да се престане со оваа појава, некои луѓе како да не сакаат да имаме чиста животна средина па се однесуваат онака како што е прикажано на неколкуте фотографии.

С. Ивановски