ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ПРВЕНСТВОТО ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
септември 15, 2023
0 минути

Во Недела се играат натпреварите од првото коло со што ќе биде означен почетокот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Девет екипи пријавија и уплатија котизација, така да во секое коло фудбал ќе се игра на четири терени а една екипа ќе биде слободна.

Во првото коло се среќаваат:

„Карбинци“ – „Овче Поле“

„Тиверија“ – „Вардарски“

„Малеш“ – „Ударници“

„Дојранско Езеро“ – „Слога 1934“

Слободна во првото коло е екипата на „Рудар“ од Пробиштип.

Сите натпревари започнуваат во 15:00 часот со исклучок на натпреварот „Тиверија“ – „Вардарски“ кој е закажан половина час подоцна.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ