Во тек е јавниот повик за поднесување предлог-проекти за програмите за спорт, култура и за социјална, здравствена и детска заштита, за 2024 година.
Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.
Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во 2023 година дека треба да достават извештај со детален и документиран приказ за потрошени средства, според образец достапен и на веб-страницата на Општина Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ