По повод 21 март, Светскиот ден на поезијта, денес, во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се реализираше, литературно-ликовна работилница, со ученици од основните училишта од Општина Кочани, Општина Зрновци и н. Оризари, како и ученици од средните училишта од Општина Кочани.
ЈОУ Библиотека „Искра“, традиционално, го одбележува Светскиот ден на поезијата под мотото „Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“, со најразлични програмски содржини. Годинава го одбележуваме во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од неговата прерана смрт, со посебен осврт на поетската збирка „БЕЛИ МУГРИ“.
На работилницата се одржа литературно читање на песни од стихозбирката „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции цртаа инспирирани од истите. Со ликовните дела ќе биде отворена изложба на 21.03.2023 г., во 12:00 часот, на настанот посветен на Светскиот ден на поезијата, на кој сo изложба и стручно излагање за ликот и делото на Кочо Рацин, ќе учествуваат Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и НУ „Народен музеј“ – Велес.
ЈОУ Библиотека
„Искра“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ