ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „РАДОСТА НА ПОСТОЕЊЕТО“ ОД АВТОРОТ СИМОНА ПЕТРЕСКА

декември 14, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани а со поддршка на Ротари клуб Кочани-Виница во вечерните часови на вчерашниот ден во салата на катот во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани беше промовирама книгата  „Радоста на постоењето“ од авторката Симона Петреска – мотиватор и животен тренер.

 

Самата најава за промоцијата на книгата побуди голем интерес кај љубителите на убаво напишаниот збор па во салата која што беше исполнета до последното место најпрвин свое обраќање имаше Кристина Ѓорѓиевска Атанасова – директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ а потоа и Васко Таковски член на Ротари клуб Кочани-Виница и еден од главните „виновници“ што се случи оваа промоција во Кочани.

Промотор а воедно и водич на презентацијата беше м-р Љупка Стојменова.

За самата книга авторката Симона Петревска изјави „Книгата го опишува влијанието на мислите и емоциите врз креирањето на секојдневниот живот на човекот. Книгата ја напишав од лично искуство. Во еден дел од животот сфатив дека сум заглавена, не го живеам животот што сакам да го живеам, дека не се чувствувам среќно, и се запрашав што треба да направам за да го сменам тоа. Почнав да читам книги кои се мотивациони книги и почнав да гледам голем број на видеа, и полека но сигурно го започнав својот пат кон промената на подобро, потоа сето тоа мое животно искуство и сето тоа што јас го научив јас го применив на себе, почувствував дека тоа делува, затоа што мојот живот стануваше се поубав и поубав, по среќен, радосен. Почнав да живеам живот исполнет со мир, со љубов и благодарност, па затоа решив сето тоа што го знам да го преточам во пишан збори и да ги мотивирам читателите да се пронајдат во мојата книга и читајќи ја мојата книга да започнат промена кај себе онаму каде што сметаат дека е подобро“.

Инаку како што истакна самата авторка книгата ја пишувала седум месеци и ова и е прва напишана книга. Веќе работи на втората во која ќе има нови содржини но на некој начин собрани од поновите нејзини искуства.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ