ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИИЈАТА „ОДОТ НИЗ ЖИВОТОТ НА БЛАЖО ГОШО СТОЈАНОВСКИ“

ноември 15, 2023
0 минути

Одбележувањето на Месецот на книгата го заокруживме со промоција на монографијата „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ од роднокрајниот автор Славица Цветкова.

Пред многубројната публика и семејството на Блажо Гошо Стојановски, беше претставен ликот и делото на Стојановски, преку поместените записи во книгата кои се резултат на оригинални архивски документи, истражувачката работа и интервјуа, дело на авторката.

Рецензент и промотор беше проф. Гордана Јефтимова, извадоци читаа роднокрајните автори Ивана Крстова и Јане Атанасов. Промоцијата беше збогатена со изведба на музички нумери од страна на роднокрајната авторка Блашка Стојкова, а низ промоцијата не водеше библиотекар Верица Паунова Дамеска.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ