Традиционално, ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани го прославува 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Во 1995 година, УНЕСКО го прогласува 23 април како „Светски ден на книгата и авторското право“ во чест на смртта на двајцата великани на светската литература Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес и каталонскиот фестивал во Шпанија, кои се случиле токму на овој датум. Каталонскиот обичај во Шпанија кој се празнува на 23 април како „Денот на розите“ потекнува од далечната 1923 година. На тој ден продавачите на книги, во чест на смртта на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес ја поттикнале идејата за разменување на книги наместо рози, како што практикувала дотогашната традиција на празникот.
Библиотека „Искра“ ќе реализира некоку активности во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право, во подрачната библиотека во Оризари и во Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
