ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“

октомври 16, 2023
1 минути

Вечерва во салон „Фоаје 2“ при НУ Центар за култура „Бели Мигри“ во Кочани пред љубителите на убаво напишаниот збор беше промовирана книгата „Ако се родат некакви чувства“ чиј автор е Блаже Миневски инаку добитник на престижната македонска книжевна награда „Рациново признание“ за 2022 година.

Самата книга која воедно е роман  е плод на десетгодишно истражување на авторот а во истата е прикажана љубовта на македонскиот револуционер Гоце Делчев и неговата голема љубов Јанка Каневче, учителката од Охрид.

Гостите низ промоцијата ги водеше Габриела Стефановска. стручен соработник за литературна дејност  во НУ ЦК „ Бели Мугри“ Кочани а извадоци од книгата читаше Љупка Јорданова.

За делото  и за авторот свое обраќање имаше  проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска како воедно беше и промотор на книгата.

Најавената македонска музичка легенда Драган Мијалковски кој како музички гостин требаше да биде дел од промоцијата од оправдани причини не допатува во Кочани па тој дел беше покриен од страна на м-р Доне Донев.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ